„Се или ништо“ за Даниел Кајмакоски

По енергичниот настап Даниел доби громогласен аплауз од публиката.

Коментарот на Кристина, низ широка насмевка беше дека е одличен изборот на музиката: Многу сум среќна што ова го пееше. Секоја чест за типот на музика и за пеењето, на што Кики се надоврза: Ова е стилот кој тебе ти одговара. Ти имаш фантастичен глас.

- Јас оваа песна ја сакав за моите момци, но ми кажаа дека Даниел ја зема. Ова беше нешто поинакво, имаше концертен настап, беше опуштен – со комплименти го почести и Емина.

-Јас се плашев дека поради кореографијата ќе изгубиш воздух. Не знам колку гледачи знаат, но многу е тежок тој Х тон. Имам впечаток дека сега одиш на се или ништо во животот, изјави Жељко.

-Многу е тешко да играш и да пееш во исто време, но ја сакам песната и се надевам дека им се допадна на сите, беше коментарот на Даниел.

Ова е тоа што треба ти да го пееш. Многу сум среќна што те видов со оваа компзоцизија – беше коментарот на Кристина Ковач.

- Даниел како и секогаш беше фантастичен. Се плашев дека поради кореографијата ќе го изгубиш гласот. Од емисија во емисија се повеќе и повеќе си посветен. Ова за тебе е се или ништо – рече Жељко

28.01.2014 - 21:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега