Лесни победи на Металург и Вардар Про

Водечките екипи во ракометната Супер лига, Вардар Про и Металург синоќа одиграа натпревари од домашното првенство и постигнаа очекувани победи. За двете екипи ова беше еден вид посилен тренинг натпревар пред саботното полуфинале од Купот на Македонија што се игра во Скопје, а организатор е Вардар Про.

Вардар Про во дуел од 7.коло го победи Куманово на негов терен со 29:23 и ја постигна петтата победа во шампионатот.

Металург беше убедлив на домашен терен против Пелистер и славеше со 35:16. Ова беше натпревар од 3.коло, кој беше одложен поради настапите во Лигата на шампионите на македонскиот првак.

Металург настапи без неколку играчи кои се повредени (Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Младен Ракчевиќ, Дејан Манасков, Миладин Козлина, Петар Ангелов).

Другите два дуела од 7.коло од Супер лигата се играат на 22 мај, а двојките се: Металург – Тинекс Пролет и Зомимак – Пелистер.

На врвот на табелата е Вардар Про со 17 бодови, Металург има 16, Зомимак М 10, Тинекс Пролет 6, Пелистер 3, Куманово 3.

ФОТО: Хитпортал

најчитано сега