Со грант од Светска банка ќе се асфалтира кочанската улица „Крум Вранински“

Улицата „Крум Вранински“ во кочанската населба „Усова чешма“ до крајот на јули годинава ќе добие асфалт. Средствата се обезбедени од грант од Светска банка преку претходно успешно завршен проект.

- Асфалтирањето целосно е финансирано од грантот од Светска банка, кој потекнува од кредитот што го искористивме за замена на цевководите од Системот за водоснабдување во центарот на градот во должина од 6, 5 километри. Први во Македонија искористивме и реализиравме ваков кредит. Очекувам дека изведувачот ќе ги заврши работите во предвидениот рок, изјави градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, по потпишувањето на договорот со изведувачот на работите.

Станува збор за асфалтирање на 430 метри од улицата „Крум Вранински“, за што ќе бидат потрошени 3 милиони и 400 илјади денари. 

најчитано сега