Матурантите утре ќе заиграат Квадрил на плоштадот Македонија

Утре точно на пладне, на плоштадот Македонија, по седми пат во Скопје и дванаесетти пат во Европа и светот, ќе се одржи „Матурска парада 2013“. Настанот е организиран од Град Скопје, Дирекцијата за култура и уметност, Ритам плус, Агенцијата за млади и спорт и Делегацијата на Европската унија во Република Македонија. 
Заедно со матурантите од Европа, матурантите од земјава утре ќе играат Квадрил и повторно ќе се обидат да го срушат Гинисовиот рекорд. Утре напладне ќе заиграат матурантите од Скопје, Струмица, Куманово, Гевгелија, Охрид и Струга.
 
На оваа манифестација годинава ќе учествуаваат голем број скопски средни училишта. 
 
ФОТО: skopje.gov.mk

најчитано сега