Опелот од "Монструм" е на полициските Алфи?

Сведокот предложен од адвокатите на обвинетите во случајот "Монструм", Диме Весков тврди дека знае детали за возилото "Опел Омега" за кое полицијата тврди дека било користено од обвинетите при ликвидацијата кај Смилковци, објавува А1Он. 

Инаку, Весков е затвореник и во моментов е во затворот во Идризово. Адвокатите на обвинетите тврдат дека овој сведок знае детали за сопственоста на "Опелот". Неофицијално, пренесува А1Он, затвореникот има информации дека автомобилот всушност е на полициската единица „Алфа“. Тој го препознал на телевизија и се сетил дека со тоа возило бил приведен и пренесуван низ полициските станици. 

Од адвокатите на обвинетите во "Монструм" како сведок е предложен и градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, пренесува порталот. Тој, според адвокатите, може да го потврди алибито на еден обвинетите дека заедно биле на свечен настан.

Извор: А1Он

 

најчитано сега