Поројните дождови се враќаат во Македонија

Ноќеска и утре времето во Македонија ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и силни електрични празнења.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилноста ќе биде особено изразена во западните делови на земјата.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

најчитано сега