Ќе се воведува директна авио линија Скопје-Софија?

 

Компанијата „Булгариан Eр“ е заинтересирана за воведување редовен авионски превоз Скопје-Софија, беше истакнато на работната средба во Македонско-бугарската стопанска комора.

- Многу сме заинтересирани за влегување на македонскиот пазар со воведување авиолинии што ќе овозможат директно поврзување на Македонија преку Аеродромот во Софија, со европските и светскиte метрополи, вклучувајќи го Апенинскиот полуостров (Шпанија и Португалија). Моментно подготвуваме анализа за исплатливоста од воведување на овие линии, рече Марија Стојанова, комерцијален директор на бугарската авио-компанија.

Неколку водечки туристички агенции од Скопје и Охрид искажаа интерес за воведување чартер летови кон Црноморското крајбрежје, со стимулативна политика за поттикнување и проширување на туристичката размена.

 

најчитано сега