Музејот на современа уметност утре ќе работи до 2 по полноќ - еве што ќе се случува

Националната установа Музеј на современата уметност по повод Меѓународниот ден на музеите „Ноќ на музеите“ кој се одбележува утре, ќе биде отворен до 02:00 часот наутро за да можат посетителите да ги посетат изложби „Хенри Мур графичарот” и 10-ото Биенале на млади уметници со темата „Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје”.

Ова, соопштија од Музејот, е исклучителна можност за голем број вљубеници на уметноста покрај уметноста на младите творци, да ја посетат и изложбата на фасцинантниот Хенри Мур.

Изложбата за 22 дена ја посетија околу 7.500 посетители од Македонија и околните земји.

ФОТО: Скопјеинфо.мк

најчитано сега