На Фејсбук се појави група „Да ги вратиме 4U во X Фактор“

Oтакако од X-Factor си замина групата „4U“ , Кристина по емисијата јасно даде до знаење дека дека девојките по нејзино мислење заслужиле да останат во музичкиот натпревар, а судејќи по коментарите на друштвените мрежи, многумина го мислат истото.

На Фејсбук веќе се појави група  која веќе брои неколку илјади истомисленици, а дека овие шармантни девојки заслужија да останат зборува и поддршката од познатите личности од светот на музиката.

Поп пејачката Марија Шерифовиќ на својот Твитер профил недвосмислено го даде своето мислење. „Понатаму треба да одат 4U“, кратко на својот „ѕид“ напиша некогашната победничка на Евровизија.

- Ќе ни недостасуваат сите овие луѓе и интензивното дружење со нив кое беше најубаво на свет. Премногу се поврзавме едни со други и почнавме да дишиме, јадеме, плачеме заедно. Секако, сите ќе продолжиме да се дружиме, но не е исто кога некого гледаш секој ден и да го гледаш еднаш неделно. Во секој случај им благодариме на сите нив и на вас за поддршката и љубовта кои ни ги давате, напишаа  Катарина, Теодора, Вања и Лана на својот профил.

10.02.2014 - 19:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега