Ова се најлошите работи што може да ви се случат додека имате секс

 

Љубопитни домашни миленичиња

Најнормална работа е вашето куче да го интересира што вие правите во кревет, зошто викате, издишувате, вдишувате. Голем број на парови се нашле во ситуација во која нивното куче зјапа во нив, на неколку сантиметри оддалечено од нив, додека тие имаат луд секс.

Љубомора, воајеризам или чиста желба за нови спознанија? Никогаш нема да дознаеме.

Грч

Ништо побрзо и поболно не може да го убие сексот како што е грчот. Затоа, ви советуваме да се држите до проверените западноевропски пози ако претходно сте имале напорен ден или некоја физичка активност.

Знаеме дека има премногу добри пози нацртани во Кама Сутра, но тие пози оставете ги за друг ден за да не останете без ништо.

Додека имате секс упаѓа некој близок

Сексот е најдобар кога се нема време за него, но токму поради тоа може да заврши кобно. Танцувањето по адреналинските жици на голем број луѓе им се врти на глава со ненадејното упаѓање во собата.

Постојат голем број психички состојби кои делуваат како афродизијак, но чувството на срам дефинитивно не е едно од нив.

Додека имате секс во автомобил, ве набљудува некој манијак

За просечниот граѓанин автомобилот се уште е најдостапниот простор за сексуални односи. А земјата е преполна со темни ќошиња, паркиралишта, слепи улици… но во пакет со нив доаѓаат и манијаците кои постојано набљудуваат.

Замислете, додека имате секс, низ стаклото да ве гледа некој манијак. Резултат: уништено либидо и сите сексуални фантазии.

Погрешно име

Убаво е за време на сексот да си ги кажувате имињата, со што, ја зголемувате интимноста. Но, често се случува Иван да стане Петар, а Маја да стане Ана, на минута пред оргазмот.

Нашето решение е едноставно – не зборувајте додека сте во транс!

Анална некоректност

Ситуацијата е следна: во сета таа игра, жештина и транс, мажот го упатува својот прст до задникот на девојката. Ова по сите правила и прописи е особено жешко и упатува на добар секс. Но, доаѓа моментот кога девојката сака да возврати со иста мера, на ист начин.

Оставаме на вашата фантазија да заклучите што се случило понатаму.

10.02.2014 - 22:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега