Ахмети: Не се помрднуваме од идејата за консензуален претседател

ДУИ цврсто стои на ставот за конснзуален претседател. Лидерот Али Ахмети по денешната средба со известувачот Ричард Ховит уште еднаш повика, двете најголеми партии во македонскиот и албанскиот етнички блок да седнат на маса и да договорат заеднички прифатлив кандидат

„Ние претставивме една идеја. Идејата е се уште на маса и нема да се помрднеме од нашата идеја и очекуваме страните да рефлектираат по овој предлог. На земјата и треба кандидат што би бил прифатлив за сите и еднаш засекогаш да го затвориме тоа поглавје во кое некоја од страните го доведува во прашање изборот на претседателот.
За да бидам правилно разбран,  би сакал да истакнам дека двете страни кои ја имаат легитимноста кај двете најголеми заедници во земјата, а тоа е ДУИ кај Албанците и ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците, двете страни треба да седнат и да постигнат консензуален договор. “ - рече Ахмети потенцирајќи дека за оваа идеја разговарал со сите страни.

Сепак, и ВМРО-ДПМНЕ има прилично јасен и цврст став по ова прашање. Од најголемата партија во земјава велат дека нема да дозволат нивниот кандидат да биде избиран според желбите на другите политчки субјекти. Партијата веќе и ја закажа својата конвенција на која околу 1000 делегати ќе избираат кандидат за претседател. 

13.02.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега