„Една милијарда се крева за правда“ - еве што ќе се случува денеска на скопскиот плоштад

 

Под мотото „Една милијарда се крева за правда“ денеска на скопскиот плоштад „Македонија“ ќе биде одбележан V-Денот против насилството врз жените.

Денот ќе се одбележи со танц во пет минути до 12, со химната на годинашната кампања „Break the chain“. Со танцот, организаторите ги повикуваат и охрабруваат жртвите на насилство да му стават крај на насилството. 

Според статистиката, една од три жени е малтретирана во текот на нејзиниот живот. Тоа значи дека над една милијарда жени се жртви на физичко, сексуално, вербално, психичко и економско насилство.

Во Македонија се подготвува нов закон за превенција од семејно насилство кој треба да ја зајакне улогата на институциите во заштита на жртвите од насилство, а со самото тоа да овозможи и полесен и побрз пристап до правдата, на што се става акцент на годинашната кампања.

Организатори на V-Денот во Македонија се невладините организации ХЕРА, СОЖМ, ОЖС, МАДИ и Зонта Клуб Скопје.

В-Денот е светско движење за превенција, третирање и запирање на насилството врз жените кое има за цел на креативен и мобилизирачки начин да ја покрене јавната свест околу нулта толеранцијата за разните видови на насилство, силувања и трговија со бело робје. 

14.02.2014 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега