Ријана: Поради глупавиот сметководител ќе останев со празни раце

Атрактивната пејачка која доаѓа од Барбадос, Ријана пред неколку години за малку ќе банкротирала.

За тоа го обвинува сметководителот, кој ја водел во пропаст.

Дури сега во јавноста излегоа детали за случајот со банкротот на Ријана од пред неколку години.

Во правните документи на Ријана се наведува дека во почетокот на 2009-та година имала 11 милиони долари, а до крајот на и останале само 2 милиони.

Сето ова се случувало во периодот кога нејзините лични трошоци биле дуплирани, поради што за малку недостасувало да остане без ништо.

Таа го обвинува сметководителот и што и кажал дека може да купи куќа од 7 милиони долари, а подоцна ја продала истата за 2 милиони помалку.

Поради глупавиот сметководител ќе останев речиси без се, вели разбеснатата пејачка.

14.02.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега