Училиштето „Ѓорче Петров“ од денеска ќе има киносала

Реконструираната киносала во основното училиште „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров, денеска ќе биде пуштена во употреба. На настанот ќе присуствува министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

За реконструкција на киносалата, општината одвои 1,2 милиони денари.

Набавена е и видео и аудио опрема која ќе овозможи квалитетни услови за одржување проекции со едукативни содржини за подигнување на квалитетот на наставниот процес. Салата ќе може да ја користат и граѓаните за презентација на проекти. 

14.02.2014 - 10:02
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега