Деветмина повредени во сообраќајки во Скопје

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив пет сообраќајни незгоди се со последица материјална штета, пет се со последица телесни повреди во која телесни повреди заработиле седум лица. Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, во Скопје се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера казнила пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

19.02.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега