Црвенковски кандидат на СДСМ за претседател на Македонија?

Заврши предлагањето кандидати за претседател по општинските организации на СДСМ.

Шест имиња доминираат во предлог кандидатите за претседателски кандидат на СДСМ за претстојните избори, што општинските организации на СДСМ веќе ги доставиле во централата на Бихаќка. Речси во сите предлог листи на прво место со најмногу номинации е екс лидерот и поранешен Претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, јавува Денешен.мк повикувајќи се на партиски извори.

Втор со најмногу номинации е неговиот близок соработник, Стево Пендаровски. На листите со предлог за претседателски кандидат се и Радмила Шекеринска, Илинка Митрева, Петар Гошев и Денко Малевски.

Партиски извори од СДСМ велат дека масовната номинација на речиси сите општински организации на Црвенковски му предизвикува серизони проблеми на актуелното раководство на партијата. Во најголем број случаи образложението на општинските организации за номинацијата на Црвенковски била дека тој е единствениот кандидат кој би можел сериозно да му парира на кандидатот на владеачката партија.

19.02.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега