ДУИ: 50-50 шансите за предвремени избори - во игра и опцијата Претседателот да се бира во Собрние

Претседателот да се избира во Собранието со двотретинско мнозинство е едно од опциите за ДУИ за задоволување на принципот за консензуалност. Партискиот портапрол, Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање уште еднаш го повтори ставот кој вицепремиерот Муса Џафери го инесе пред неколку недели во интервју за Press24. Изборот на шеф на државата со Собрнанието би можел да биде решение за опцијата за консензуален претседател. Тоа е една од опциите кои ги разгледува ДУИ но не сакам да прејудицирам, рече денеска Османи. 
Ниту Џафери пред две недели не сакаше да прејудицира.
„Тоа можеби евентуално ќе биде производ или резултат од сите тие разговори или преговори од најрелевантните политички партии. Дали тоа би било најоптималното решение. Јас не прејудицирам. За оваа идеја, за овој став или концепт, сега сме во таа фаза во која не треба да се прејудицира. Треба пообјективно да се расправа. А, кога ќе има таков простор, можност, евентуално може тоа да е едана од тие опции. Но, за мене е рано да се прејудицира дека таа би била таквата опција“ - рече Џафери.
Од ДУИ денеска повторија дека не се помрднуваат од својата идеја и истакнаа дека ќе го чекаат одговорот од ВМРО-ДПМНЕ до последен момент. 
Доколку нема договор за консензуален претседател, тогаш од Мала Речица најавуваат активен бојкот на претседателските избори, односно ситуација во која тие нема да учествуваат на нив но ќе водат кампања на која наместо промоција на кандидат, ќе ги промовираат политиките на консензуалност.

19.02.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега