ФОТО: СДСМ повторно го бојкотира Собранието

Најголемата опозициска партија повторно се обидува да го блокира Парламентот. Кога треба да се гласа за нешто од кое добробит ќе имаат голем број на македонски граѓани, пратениците на СДСМ никаде ги нема.

Собранието на Република Македонија денеска ја одржува 85-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за вработување, на Законот за социјалната заштита и на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во второ читање.

Исто како и пред десетина дена кога во македонското Собрание се гласаше за зголемување минималната плата, а на седницата присуствуваа едвај четворица пратеници на СДСМ, социјалдемократите и денеска покажуваат негрижа кога во прашање се носење на закони од кои добробит ќе имаат голем број на граѓани. Како што може да се забележи на фотографиите, само тројца опозициски пратеници присуствуваат на седницата.

Додека од една страна СДСМ промовира и ветува мерки и проекти за помош на граѓаните, од друга друга на дело не прави ништо од тоа, обидувајќи се со неприсуството повторно да ја блокира работата на Собранието.

19.02.2014 - 22:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега