Самак: Кочани примамлива дестинација за странските инвеститори

Странските инвестиции најдоа плодна почва во Кочани, оцени министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак кој денеска ја посети локацијата каде холандската компанија „Антура“ гради репроцентар за цвеќе на влезот во Кочани.

- Се наоѓаме на просторот каде што холандската компанија Антура гради репроцентар за цвеќе-орхиеди  кои ќе бидат наменети за извоз. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра и ќе вработува 300 лица. Заедно со американската компанија „Анфенол“  која ќе произведува електотехника и електроника за извоз, тоа се моментно двете странски инвестиции во овој град, рече Самак.

Министерот оствари средба со градоначалникот Ратко Димитровски на која го информирал дека општината е подготевна да ги стави во функција старите објекти на фабриките во стечај, но и да ја прошири индустриската зона за нови ивестиции.

Според Димитровски, инвестицијата на „Антура“ е резултат на презентацијата на потенцијалите на општината која се одржа на 9 мај 2011 година во стопанската комора на Утрехт Холандија, во организација на Македонската амбасада и Општина Кочани..

- Ќе создадеме услови за искористување на индустриската зона кај фабриката за хартија за привлекување странски инвестиции и нови вработувања. Погонот на холандската компанија Антура  ќе биде готов до средината на оваа година, првите вработени на обука ќе заминат во средината на јуни а репроцентарот со пробна работа ќе запоне кон крајот на годината, рече Димитровски.

22.02.2014 - 15:36
Фото: 
ekonomski.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега