Вијаграта ја прават од мојата крв- запознајте го најлудиот политичар

Осумдесет и шест годишниот Едвин Едвардс од Лузијана планира да се кандидира за место во американскиот сенат. Овој поранешен гувернер, неодамна излезе од затвор, откако отслужил четири години за корупција.

Тој фалејќи се за неговата сексуална моќ, до потсмевање со своите противници  навистина има ненадминлив репертоар на изјави.

Откако реши да се кандидира за место во Сенатот, медиумите ги собраа сите негови луди изјави на едно место.

За својата последна сопруга, Трина - „Конечно најдов нешто за кое можам да ги искористам Републиканците... Да спијам со нив“ или пак „Стар сум само онолку колку жената што ја чувствувам“.

За тоа дали може да го викаат „женкар“: „Јавам коњи кога одам на својот ранч. Сепак тоа не ме прави каубоец“.

За тврдењата дека една вечер поминал со шест жени: „Не беше така. Авторот на тие тврдења си замина пред да дојде последната“.

За сличноста со Дејвид Дјук, поранешен Голем Волшебник на Кју Клукс Кланот: „И двајцата сме волшебници меѓу чаршафите“.

За својот противник Дејви Дрен: „Толку е бавен што му требаат еден ипол час за да ја изгледа емисијата 60 Minutes“.

За тоа дали се плаши дека му го прислушкуваат телефонот: „Не се плашам, освен ако ме прислушкуваат љубоморни сопрузи“.

За неговото либидо: „Не ми треба Viagra, јас им требам на нив. Зарем не знаете дека ја употребуваат мојата крв за да ги прават апчињата?“

За најталентираниот политичар: „Секој пат кога се бричам, го гледам во огледало“.

26.02.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега