Чарли Шин бесен на медиумите- мојата вереница повеќе не е порно ѕвезда

Ѕвездата на „Два ипол мажи“, Чарли Шин  наводно бил бесен поради фактот што медиумите постојано ја нарекуваат неговата избраничка порно ѕвезда, иако таа одамна престанала да се занимава со таа работа.

„Чарли го излудува фактот што сите медиуми ја нарекуваат така, бидејќи таа не се занимава повеќе со снимање на филмови за возрасни. Таа има завршено училиште за медицински сестри, а нејзиното вистинско име не е Брет туку Скотин. Чарли сака луѓето да ѝ се обраќаат со Скоти, исто како што ја нарекуваат пријателите и познаниците во секојдневниот живот. Тој на својот публицист му рекол да им пренесе на медиумите да не ја нарекуваат повеќе така“, изјавил близок пријател на актерот за RadarOnline.

26.02.2014 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега