По најавата од ДУИ- вонредна седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

За утре во 20 часот е закажана вонредна седница на Извршниот Комитет ан ВМРО-ДПМНЕ, дознава Пресс24 од партиски извори. Вонредната средба доаѓа по вечерашната најава од ДУИ за барање за распуштање на Парламентот по непостигнувањето договор со коалициониот партнер за настап со консензуален кандидат на претстојните претседателски избори.

Според наши извори, претходно ќе се оди на поширока средба со коалиционите апртнери, настан кој ќе се случи веднаш по враќањето на претседателот на партијата и премиер Никола Груевски од службеното патување во потрага по меѓународна поддршка за државните позиции и странски инвеститори.

Вечерва ДУИ излезе со конечен став- да побара распуштање на Парламентот поради како што велат- кризата која настанала откако нес е утврдил заеднички кандидат за шеф на државата.

 

 

27.02.2014 - 19:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега