За вакво нешто не сте слушнале- плаќаат за некој да ги расплаче

На поголем дел од припадничките на понежниот пол им е убаво кога добро ќе се исплачат, иако тоа никогаш не го признаат. Затоа и гледаат роматнични комедии и сакаат да читаат за добри човечки приказни.

Но во Јапонија, некој одлучи да ја наплаќа таа потреба. Руи-катсу е тренд кој се повеќе се шири низ Јапонија, а се сведува на тоа да платите, за некој добро да ве расплаче!

Руи-катсу, или “потрага по солзи” е феномен кога неколку луѓе, не повеќе од пет, се наоѓаат во соба со марамчиња во рака. Светлата се гасат и почнува филм. Овој документарен филм е за жртвите од земјотресот во Јапонија во 2011. Луѓето додека го гледаат филмот, плачат, се држат за рака и се тешат.

Така изгледа и класична терапија, која најчесто ја води психолог, кој потоа зборува со учесниците.

“Тоа е добар начин да го спречите стресот кој ви се натрупува во телото” кажува Јука Мурои, советник за парови и привремен инструктор на ваквите сесии.

Поголемиот дел од луѓето кажуваат дека се чувствуваат препородени после ваквите сесии, а влезот не е многу. За мала сума на пари, добивате 1 час квалитетно плачење.

 

28.02.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега