Мерил Стрип ја доби својата 18- та номинација за Оскар

Позната актерка Мерил Стрип ја доби својата 18- та номинација за Оскар за најдобра актерка за улогата во филмот „Август во округот Осага“.

Мерил Стрип (64) има освоено Оскар трипати, а многу критичари ја сметаат за најдобра жива актерка.

Првиот филм кој го сними бил „Јулија“ во 1977 година, а веќе следната година била номинирана за наградата Оскар за улогата во филмот „Ловец на елени“. Прва најпрестижна филмска награда ја освои уште во 1979 година за најдобра споредна улога во филмот „Крамер против Крамер“, а само три години подоцна стигна и другиот Оскар за улогата во филмот „Изборот на Софија“.

Во 80-тите години од минатиот век Стрип играше во поголем број познати филмови - „Моја Африка“, „Челичен покрив“ и „Зли анѓели“, а по краткотрајните кризи повторно заблеска во 1995 година во филмот „Мостовите на Медисон“.

Потоа кариерата на Стрип е во нагорна линија со филмовите „Единствена вистинска работа“, „Музика на моето срце“, „Адаптација“, „Ѓаволот носи Прада“, „Сомнеж“, „Јулија и Јулија“, а за улогата во филмот „Железната дама“ го освои својот трет оскар.

28.02.2014 - 17:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега