ВИДЕО: Ван Дам прави шпага во Вселената

Шпагата која Жан-Клод Ван Дам ја направи на два камиони во движење го „предизвика“ Чак Норис. Со помош на компјутерски ефекти, и Чак Нотис ја направи истата шпага, но на крилја од авион, па фановите на Ван Дам сега се обидуваат да докажат кој од нив двајца е подобар.

Изгледа дека Ван Дам само што ја реши големата дилема и ја однесе победата над Чак Норис благодарение на компјутерски ефекти и шпагата која ја направи во вселената, на два сателити.

Оригиналната реклама е снимена за Volvo и во неа се гледа како Ван Дам прави неверојатна каскадерска изведба потпирајќи се на два камиони кои се движат, а најновата ова ривалство го подигнува на најголем степен и Ван Дам ја понесе заслужената победа.

Тоа е, секако, се додека Чак Норис не појде во рајот и направи шпага над Господ.

28.02.2014 - 17:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега