ВИДЕО: Тренерот на Њукасл удри противнички играч

Тренерот на Њукасл Алан Пардју на мечот против Хал Сити со глава го удри противничкиот играч Дејвид Мејлер.

До инцидентот дојде откако играчот се стрча кон топката, а на патот му се најде Пардју кого го турна. По ова, тренерот не остана должен, туку го удри, но за среќа немаше последици.

-Жалам поради мојата постапка и во иднина ќе седам на клупата и нема да стојам крај аут линијата. Не сакав да бида агресивен, но вистина е дека тргнав со главата кон Мејлер, изјави Пардју.

Сеуште не е познато каква казна ќе добие тренерот.

03.03.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа