Стартува саемот за роботика „РобоМак 2014“

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворена петтата меѓународна работилница  „РобоМак 2014“. На работилницата се очекува учество на околу 70 домашни и 30-ина странски студенти од повеќе од 20 европски држави.

„РобоМак 2014“ ќе им помогне на учесниците да ги продлабочат и дооформат знаењата стекнати преку формалното образование. Ќе трае до 9 март, а ден пред затворањето, во Дом на АРМ ќе се одржи финале на кое тимовите-учесници ќе се натпреваруваат со своите креации.

- Се работи за интернационален настан посветен на развој на програмирањето и роботиката, на кој студентите ќе програмираат во мешани тимови и ќе се обидат да ги искористат постоечките роботи на најефикасен и креативен начин. РобоМак е меѓународен проект кој веќе  5-ти пат успешно се организира во Македонија и привлекува голема заинтересираност кај студентите од техничките науки, информираат од ФЕИТ. 

Работилницата е организирана од здружен организациски одбор, од студентските организации ЕЕСТЕК ЛК Скопје, ИЕЕЕ Македонија – Студентскиот парламент на ФЕИТ кои повеќе години успешно функционираат на техничките факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

04.03.2014 - 08:46
Фото: 
бркајработа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа