Лепа Брена: Моето вистинско име е Фахрета и не се срамам од тоа

Бев и ќе останам тоа што сум и сум горда на моите родители, на моите корени и го почитувам моето име и презиме вели Лепа Брена.

Нејзиното вистинско име и е Фахрета Јахиќ и таа на својот концерт на стадионот Крњак во саботата  јавно изјави дека воопшто не се срами од своето потекло, името и презимето.

“Зошто би се срамела? Кога сум едноставно горда на себе и на тоа досега што го имам направено,единствено преку мојата популарност други личности се сменија”, изјави Лепа Брена. 

Инаку името Брена и го даде нејзиниот бивш кошаркарски тренер бидејки му било тешко да ја памти по името Фахрета, а самото име Брена му било познато за кој ни самата фолк пејачка незнаела од каде потекнува сето тоа, а додавката Лепа и го предложил токму познатиот водител Милован Илиќ-Минимакс.

04.03.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега