Скарлет Јохансон пет месеци ја криела бременоста

Прекрасната холивудска актерка Скарлет Јохансон и овој пат е мета за таблоидите. Имено таа го очекува првото дете со францускиот новинар, вереникот Роман Дауријак. Според гласините Скарлет е во петтиот месец од бременоста.

29-годишната Скарлет се вери за францускиот новинар во септември минатата година, но се уште не се официјално земени. 

Бременоста за Е!Online ја потврдија неколку извори, а од приновата наводно ја делат само четири месеци.

Актерката зад себе има еден брак и тоа со Рајан Рејнолдс, од кого се разведе во 2011 година.

04.03.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега