Само еден клик на ова копче и добивате совршено селфи

Понекогаш кога ќе се соберете група пријатели да се фотографирате „селфи“, може да биде навистина предизвикувачки да го најдете аголот кој ќе ве собере сите.

Но сега и за тоа има решение. Создадено е ново Блутуд копче компатибилно со „Ејпл“ уредите, кое ви овозможува да се фотографирате на „Hands-free“ начин.

HISY е името на овој уред кој ви овозможува да правите фотографии дури и кога сте неколку метри подалеку од телефонот, со што ќе направите „професионални селфи“ фотографии, како да ве фотографирал некој друг.

Цената на уредот е 25 долари. Може на вам нема многу да ви треба, но како подарок за 8ми март за вашата драга, ќе биде подарок од непроценливо богатство.

04.03.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега