ВИДЕО: Младите надежи ги згазија Летонците

Нашите фудбалски надежи до 18 години, вчера успеаа да ја совладаат селекцијата на Летонија со високи 4:1.

Три погодоци нашите фудбалери успеаа да ги постигнат за 11 минути. 

Мартин Мирчевски даде два гола (2 и 11 минута), третиот погодок го постигна Страхиња Крстевски (6 минута). Во второто полувреме Петар Петковски се радуваше на погодок за 4:0, Летонија даде погодок во последните минути од натпреварот за конечни 4:1.

За селекцијата на Македонија на оваа средба играа: Илиќ Филип, Боцевски Слободан, Алаомеровиќ Сабахудин, Тела Шаип, Дигаловски Дарко, Курт Реџеп, Абаз Емил, Билали Сабит, Петковски Петар, Мирчевски Мартин и Крстевски Страхиња. Во второто полувреме играа уште : Ѓорелијевски Лазар, Перчинков Игор, Алексиќ Милан, Јевтовски Стефан, Георгиев Бобан , Исеини Бесар, Селмани Рамзифаик   Кочовски Валентин.

05.03.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега