Антиќ го разбуди ѕверот во себе - се врати на теренот со двоцифрен број поени

Нашиот најдобар кошаркар кој игра во НБА лигата Перо Антиќ по пауза од месец дена, успеа да се врати на теренот и да постигне 10 поени и четири скока за само 16 минути игра, против тимот на Портланд кој славеше над Атланта со 102:78. Верна сенка во реализацијата на Антиќ му беше Картие Мартин кој исто така имаше двоцифрен број на реализирани поени 16 и Џеф Тиг кој оствари 10 поени.  

Во победничката екипа најдобри беа Мо Вилијамс со 16 и Никола Батум со 14 поени и 18 скокови.

Резултати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Портланд - Атланта 102:78, Шарлот - Индијана 109:87, Орландо - Хјустон 89:101, Вашингтон - Јута 104:91, Бостон - Голден Стејт 88:108, Бруклин - Мемфис 103:94, Детроит - Чикаго 94:105, Милвоки - Сакраменто 102:116, Минесота - Њујорк 106:118 и Денвер - Далас 115:110.

Вечерва се играат три натпревари: Сан Антонио - Мајами, Феникс - Оклахома и ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс.

Пласман Источна конференција: Индијана 46-15 (победи-порази), Мајами 43-15, Торонто 33-26, Чикаго 34-27, Вашингтон 32-29, Бруклин 30-29, Шарлот 28-33, Атланта 26-33,...

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 46-15, Сан Антонио 44-16, Хјустон 42-19, Портланд 42-19, ЛА Клиперс 42-20, Голден Стејт 38-24, Феникс 35-25, Далас 36-26

06.03.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега