Неговиот филм заработи 100 милиони долари а тој се уште позајмува облека

Баркхад Абди оваа година беше номиниран за Оскар за неговата улога во филмот „Captain Philips“.

Иако е ѕвезда на успешен филм, сепак има сериозни финансиски проблеми. Абди пред две години за неговата улога доби само 65 илјади долари. Во меѓувреме филмот заработи над 100 милиони долари, а Абди позајмува облека за доделувањето на наградите на кои учествуваше, пишува AV Club.

Пред филмот работел како возач на такси. Во текот на сезоната на доделувањето на наградите, студиото „Columbia Pictures“ му плаќаше соба во хотелот „Беверли Хилтон“ и позајмувал облека за прес-турнејата, и доделувањето на наградите БАФТА и Оскар. Сега преживува на џепарлак кој му го дава студиото.

Абди сега планира да се пресели во Лос Анџелес и да го дели станот со Фејсал Ахмед, колега од филмот. 

06.03.2014 - 18:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега