Антиќ во форма, но Атланта бележи порази

Нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ по неколку месечна пауза поради повредата, се врати на паркетот во одлична форма и веќе на вториот натпревар против Портланд успеа да реализира 10 поени и 4 скока. Антиќ во мечот кој неговиот тим го загуби со 102:78 одигра 16 минути. 

Најефикасен кај Атланта беше Картиер Мартин со 16 поени, додека во победничкиот табор најдобра партија покажа Николас Батум кој имаше дабл-дабл учинок од 14 поени и 18 скокови, а солиден беше и Мо Вилијамс со 15 поени, 5 скокови и 4 асистенции.

НБА резултати:

Шарлот – Индијана 109:87

Орландо – Хјустон 98:101

Вашингтон – Јута 104:91

Бостон – Голден Стејт 88:108

Бруклин – Мемфис 103:94

Детроит – Чикаго 94:105

Денвер – Далас 115:110

Милвоки – Сакраменто 102:117

Минесота – Њујорк 106:118

Портланд – Атланта 102:78

07.03.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега