МЗТ и Игокеа во судир за директен пласман во Еврокупот

Тимот на МЗТ Скопје ќе се бори за шестото место во АБА лигата со Игокеа за директен пласман во Европкупот. Црногорците со скор 12-11 имаат само една победа повеќе од македонскиот првак.

Досега шансите за пласман во „фајнл фор“ ги задржаа кошаркарите на Будуќност, откако во последниот меч од 23 коло на домашен терен ја совладаа Игокеа со 74:63. Резултатот по четвртини: 24:18; 15:9; 20:22 и 15:14.

Пласман на завршниот турнир има обезбедено Црвена Звезда, која со уште една победа ќе биде и првопласирана.

Со победата над директниот ривал Будуќност се изедначи со бројот на победи со Партизан и со Цибона (15-8).

Табела: Црвена Звезда 19-4 (победи – порази), Цедевита 17-6, Партизан 15-8, Будуќност 15-8, Цибона 15-8, Игокеа 12-11, МЗТ Скопје Аеродром 11-12, Мега Визура 10-13, Крка 10-13, Олимпија 9-14, Раднички 8-15, Шолнок 8-15, Широки 6-17, Задар 6-17.

11.03.2014 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега