Подгответе се за ЛШ - Гвардиола стравува од Арсенал

Стратегот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола, во пресрет на мечот со Арсенал, истакна дека неговите фудбалери ќе мора да го дадат максимумот во дуелот со „топџиите“, за да го задржат водството од првиот меч кој го добија со 2:0.

„Ако на Арсенал му дозволиме предност со топката, ќе бидат одлични, меѓутоа доколку го наметнеме стилот на кој ние играме, ќе обезбедиме четвртфинале во Лигата на шампионите“, вели славниот Шпанец.

Бундеслигашот е во одлична форма, а во мечот со Арсенал ќе влезе по високата победа во домашното првенство над тимот на Волфсбург од 6:1.

Тоа беше 59-от меч без пораз за тимот од „Алијанц“ во сите натпреварувања, со што го изедначи рекордот на Арсенал од 2004-та и на Јувентус од 2012-та година.

Во тимот од Минхен ќе можат да настапат Франк Рибери, Џердан Шаќири и Томас Милер, така што Баерн со најдобриот состав ќе се претстави во дуелот за пласман во четвртфинале во Лигата на шампионите.

11.03.2014 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега