На мојот зет воопшто не му е лошо во затвор

Српската пејачка Слаѓа Делибашеќ долго време криеше од јавноста дека  Бранислав Мариновиќ  сопругот на постарата ќерка Силвија е во затвор поради продажба на дрога, но на крајот пејачката прозборе за српски „Ало“.

- Бане е во затвор, отиде да ја одлежи својата казна и се враќа дома. Силвија тоа го криеше од мене. Јас не знаев дека тој има некаква врска со дрогата. Откако дознав дека мора да ја одлежи затворската казна ми беше кажано дека тоа е поради поседување на оружје, а подоцна дознав дека се работи за вмешаност со дрога - изјавила Слаѓа која во моментот се грижи за својата постара ќерка која пред пет месеци ја роди ќерката Тиа.

И додава дека  нејзиниот зет ужива во затвор и дека наскоро треба да излезе.

- Тој е супер момче и прекрасен маж, Силвија и Бане супер се сложуваат. Сепак на мојот зет не му е воопшто лошо во затвор. Ма, вистинска уживанција - изјавила пејачката. 

14.03.2014 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега