Е ова е среќа: Преку ноќ се збогатил за 107,9 милиони фунти

Британец, чиј идентитет е засега непознат, освои 107,9 милиони фунти на европската лотарија „Евромилион“, што претеставува четврта по висина премија освоена на игрите на среќа во британската историја.

Според Би-Би-Си, добитната комбинација на лотатијата била 6, 24, 25, 27 и 30 и плус 5 и 9 како т.н. „броеви на среќната ѕвезда“.

„Евромилион“ е лотарија која освен во Велика Британија, се организира и во Австрија, Белгија, Ирска, Луксембург, Португарлија, Франција, Швајцарија и Шпанија.

Досега најголемата добивка од 161 милион фунти ја освои брачната двојка од Шкотска, Кристин и Колин Вир во јули 2011 година.

15.03.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега