ВИДЕО: Снимка која го згрози светот - нокаутираше детенце за да украде ајпад

32 годишниот Арон Вејн Стилдеј ќе одговара за брутален напад, откако нападнал осумгодишно дете на улица во Минеапололис за да му го украде ајпадот.

Стилдеј силно го удрил детето по глава, му го грабнал ајпедот и побегнал. Детеннцето останало да лежи на плочникот некое време, а по крадецот тргнал крадецот куварот од блискиот ресторан, кој брзо го фатил и го задржал додека дошла полицијата.

-Не можете така да се однесувате кон дете. Да го удрите поради ајпад или било што друго, изјавилхрабриот кувар Мухамед Армели.

Детето било префрлено во болница, каде му биле констатирани полесни повреди. Стилдеј ќе одговара за кражба од прв степен и му се заканува затворска казна од 20 години.

15.03.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега