ВИДЕО: Антиќ продолжува да ги кине мрежичките - поените на Македонецот клучни за триумфот на Атланта

Нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ имаше уште една фантасична партија во дресот на Атланта, по триумфот над Денвер со 97:92. Ова е трета победа во низа за Антиќ и колегите, а токму нашиот центар ги реализираше клучните поени за „Хоукси“. 

Мечот привршуваше со израмнет резултат, а на 41 секунда до крајот Антиќ го направи пресвртот и водството од 93:92. 

До крајот домаќините успеаа да погодат уште два пати. 
Антиќ мечот го заврши со реализирани 16 поени, две асистенции и еден скок. Тој на паркетот помина 24 минути.  

Инаку, најефикасен во победничкиот тим беше Пол Милсап со 24 поени и 11 скокови, а дабл-дабл учинок имаа уште двајца кошаркари. Џеф Тиг имаше 15 поени и 11 асистенции, а Демар Керол постигна 11 поени и 10 скокови.

НБА резултати:

Њујорк – Милвоки 115:94

Вашингтон – Бруклин 101:94

Атланта – Денвер 97:92

Детроит – Индијана 104:112

Филаделфија – Мемфис 77:103

Чикаго – Сакраменто 94:87

16.03.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега