„Почивај во мир“ - тетовските прволигаши му оддадоа почит на Петар Милошевски

Тетовското дерби Шкендија - Ренова започна со оддавање почит на трагично загинатиот директор на македонската фудбалска репрезентација Петар Милошевски.

Натпреварите од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига започнаа со едноминутно молчење во знак на поранешниот македонски репрезентативец и спортски работник, а така беше и на Градскиот стадион во Тетово каде играчите на Шкендија и Ренова пред почетокот на вчерашниот дуел истакнаа транспарент оддавајќи му почит на човекот кој имаше голем придонес за развојот на македонскиот фудбал.

Поранешниот голман Петар Милошевски ноќта меѓу 13 и 14 март трагично загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, враќајќи се заедно со своите соработници од хуманитарен натпревар игран во Куманово.

17.03.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега