ФИФА доживотно суспендира двајца фудбалери

Двајца англиски фудбалери беа доживотно суспендирани од страна на Светската фудбалска федерација ФИФА поради местење на натпревари во Австралија. Станува збор за голманот Џо Вули и одбранбениот играч Рис Ноел кој во септември минатата година беа осудени и суспендирани од Австралиската фудбалска организација, а ФИФА дополнително ја прошири истата да важи низ целиот свет. 

Од тој момент фудбалерите се кривично осудени, по што ФСА трајно ги суспендираше во таа земја, а од вчера ФИФА им забрани да настапуваат насекаде низ светот на официјални натпревари.

18.03.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега