Бившиот на Ријана во затвор до 23 април

Пејачот Крис Браун или познат уште како поранешно момче на Ријана, ќе остане во затвор најмалку до 23 април, кога ќе се одржи сослушувањето по обвинувањато против него за прекршење на условната казната.

Браун (24) беше уапсен во петокот во Лос Анџелес, откако поради не почитување на правилата беше исфрлен од центарот за рехабилитација, каде беше на третман за справување со бесот, со што ја прекрши условната казна.

Судиот му одреди рехабилитација откако лани нападна еден маж додека ја отслужуваше условната казна, изречена во 2009 година поради претепувањето на неговата тогашната девојка Ријана.

18.03.2014 - 20:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега