Од утре нови цени на бензините

Регулаторната комисија за енергетика во текот на денот треба да ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати, согласно праксата за нивна регулација на секои две недели.
Потоа, ќе знаеме дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бенизин.

Со последната одлука од 10 март малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за половина денар за литар.

Со тоа во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 денари за литар,  ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи за  80,00 денари за литар, а цената на дизелот изнесува 68,00

 

 

23.03.2014 - 23:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега