Шакира: "Постојано се допираме" така ја одржуваме нашата љубов

Познатата колумбиска пејачка Шакира открива како се заљубила во Пике и како таа ја одржува нивната љубов сега.

Двојката неможе да ја сокрие нивната љубов, тие се заљубени преку уши еден во друг, а пејачката во една емисија открива што ја привлекло кај него. Фудбалерот е десет години помлад од неа, а го запознала кога тој имал 23 години. "Кога ги погледнав тие сини очи знаев дека тој е тој", изјавила таа за YahooMusic.

 

Најновата песна која таа моментално ја промовира е насловена "23" и посветена е токму за Пике. Шакира изјавува дека оваа песна и е многу значајна. Водителот од емисијата ја прашал како ја одржува љубовта покрај работата која бара да си постојано на различни делови од светот - "Ние се обидуваме квалитетно да го поминуваме времето. Постојано се допираме" - кажала, насмевнувајќи се.

Шакира го поделила и своето мислење за љубовта на прв поглед. "Се чувствувате како лавина да надоаѓа накај вас кога ќе ја запознаете вистинската личност. Јас лично сметам дека љубовта е нешто на кое треба да се работи и да се одржува, за да таа се развива со тек на времето. Љубовта е пракса" - изјавила популарната пејачка.

25.03.2014 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега