Каква е економската состојба на македонските претпријатија?

Економската состојба на деловните субјекти во февруари годинава, нивните раководители ја оценуваат како поповолна во однос на февруари 2013, а понеповолна во однос на јануари годинава.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обемот на производството во февруари 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработени. Во февруари 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2014 година се намалени во однос на јануари 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2014 година изнесува 58,9 отсто од нормалното искористување.

На ограничувањето на обемот на производство во февруари 2014 година најмногу влијаеле странската побарувачка со 25,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 8,4 отсто и финансиските проблеми со 8,3 отсто. 

28.03.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега