Статистика: Просечната плата во јануари 21.327 денари

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 21.327 денари.

Споредено со истиот месец минатата година се работи за повсок износ за 0,7 проценти. Зголемувањето се должи, пред сé, на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „транспорт и складирање“ за 7,3 проценти и „градежништво“ и „финансиски дејности и дејности на осигурување“  за 4 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец, статистиката евидентира во секторите „други услужни дејности“ за 7,2 проценти, „административни и помошни услужни дејности“ за 3,6 проценти и  „трговија на големо и трговија на мало“, „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 3,5 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 31.236 денари. Во јануари 1,5 проценти од вработените во Македонија не примиле плата.

28.03.2014 - 16:27
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега