Викендов две цркви во Кичево мета на крадци

Крадците не мируваат. Ограбени се две цркви во Кичево.

Во првиот случај во полициска станица било пријавено дека во текот на изминатите 2-3 денови од страна на непознато лице  била кражба во црквата Св„Ѓорѓија“ во Белица каде насилникот влегол со употреба на погоден предмет и одзел една икона, а материјалната штета ќе биде дополнително утврдена.

На 29.03.2014 година во  точно неутврдено време во Кичево, непознат сторител извршил кражба во црквата „Св.Ѓорѓија“, во .М.Црско. Имено, сторителот со употреба на погоден предмет го скршил цилиндерот од влезната врата, влегол внатре, каде во внатрешноста пронашол алат-копач и со него насилно ја отворил дрвената врата од иконостасот, но дали се  одземени предмети дополнително ќе биде констатирано, како и причинетата материјална штета.  

30.03.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега