ФОТО: Малиот принц за прв пат се појави во јавноста- фотографија која го освои светот

Оваа фотографија на кралското семејтво каде за прв пат во јавноста се појави малиот принц ги разнежни сите.

Кенсингтонската палата објави нова фотографија на младото кралско семејство на која Кејт и Вилијам позираат со 8 месечниот син Џорџ и нивното домашно милениче, кучето Луп.

Фотографијата ја направил Џејсон Бел кој ги фотографираше и портретите од крштевката на малиот принц.

Насмеаната војвотка Кејт (32) го држи Џорџ во прегратка додека му позира на фотографот, додека осуммесечниот принц гледа во домашниот миленик Луп, црн кокер шпаниел кого го држи Вилијам (31).

31.03.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега