Оскаровката Кејт Бланшет за влакно ја избегнала смртта!

Познатите холивудски актерки Кејт Бланшет и Руни Мара имале сообраќајна несреќа во текот на снимањето на новиот филм “Керол“.

Несреќата се случила кога актерките снимале сцена во која возат автомобил по лизгав пат, а кога Кејт се обидела да го запре возилото, откажале кочниците по што дошло до несреќа.

-Кејт возеше и се беше во ред додека не се обиде да го запре автомобилот. Упорно притискаше на кочницата, но ништо не се случуваше по што во паника почна да вреска – вели извор од сетот на филмот и додаде дека Кејт, по безуспешното кочење, нагло го завртела автомобилот на лево и некако го запрела.

-Сите потрчавме кон нив, а камерманот повика полиција, но Кејт почна да вика: Добро сме. Колата не е добра, ама ние сме – вели сведок на оваа несреќа.

31.03.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега